Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за контролните натпревари против Хрватска и Чешка.
Со проверени сили и без изненадувања, Милевски со „Рисовите“ ќе им спарингуваат на Хрватите во на 3 јуни (19 часот), а на Чешка во Храдец Кралове на 10 јуни, 18 часот.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 27 фудбалери.
ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ
ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;
СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија, Исник АЛИМИ – Сепси, Романија, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска;
НАПАД: Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка, Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска.
Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Скопје на 27. мај во 12:00 часот.