Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и битолски Пелистер попладнево ќе го играат вториот натпревар од финалето во плејофот.

Аеродромци повторно ќе ја имаат предноста на домашниот терен, како и на првиот меч кој го добија тесно со пет поени разлика 82-77. Ако се суди според одиграното на првиот натпревар и денеска би требало да гледаме неизвесен натпревар.

Војдан неизвесен за настап!?

Екипите добро се познаваат, па двајцата тренери тешко ќе смислат посебна тактика со која би го изненадиле противникот.

Останува дилемата, дали Војдан Стојановски ќе виде подготвен да го одигра натпреварот во висок ритам. Искусниот кошаркар во второто полувреме на првиот меч се пожали на повреда. Беше повлечен од игра и остана на клупата до крајот на дуели.

Доколку Војдан не може да игра, тоа ќе биде голем хендикеп на сино-белите и шанса повеќе за противникот.

Пелистерци сакаат да натпревар „брејк“ и да обезбедат најмалку два натпревари на свој терен во битова со серијата која се игра до три победи.

Дали МЗТ ќе поведе со 2-0 во победи или Пелистер ќе го израмни резултатот ќе видеиме во натпреварот што ќе почне од 19 часот.

Во истиот термин во СЦ „Кале“ ќе играат и екипите на Работнички и ТФТ. Тоа е дуел од серијата која ќе го одреди трето пласираниот тим во финалниот поредок.

Натпреварите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

🔴▶ ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО