Од Фудбалската Федерација на Македонија информираа дека во продажба се пуштени картите за финалето на Купот на Македонија. Влезниците може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на „МКТickets“.
Во среда од 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-вото финале во Купот на Македонија.
За првпат на финалниот натпревар се пласираа екипи кои досега никогаш не играле финале. Воедно тоа е шанса прв пат двете екипи да излезат на европската сцена, односно победникот ќе игра во квалификациите за Конференциската Лига.
Патот до финалето во Купот на Македонија:
ТИКВЕШ
1/16 ФИНАЛЕ: АРСИМИ – ТИКВЕШ 1:2
1/8 ФИНАЛЕ: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:1
1/4 ФИНАЛЕ: ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5 пенали)
1/2 ФИНАЛЕ: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0:0, 0:0 (3:5 пенали)
ВОСКА СПОРТ
1/16 ФИНАЛЕ: КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0:10
1/8 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0:0 (4:1 пенали)
1/4 ФИНАЛЕ: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0:1
1/2 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0, 1:2
Картите за натпреварот освен преку МКТickets, ќе се продаваат на уште три локации
Во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во „Street Café“, додека оние на Воска, може да ги набават во Т.А. „Вис Пој“.
На денот на натпреварот, карти ќе може да се купат и на билетарата на Националната арена „Тодор Проески“.