Во „Куќа на фудбалот“ беа одредени паровите за пополнување на Прва и Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2024/2025.

За место во прволигашката конкуренција ќе се борат скопски Вардар и радовишкиот Детонит Плачковица.

Натпреварот ќе се игра во Струмица на стадион „Благој Истатов, во недела со почеток од 17 часот.

Во истиот термин (17 часот), но ден порано ќе се играат трите натпревари за пополнување на Втората лига. Во нив ќе играат:

Вардарски – Кораби (стадион „Борис Трајковски“, Маџари),
Победа Прилеп – Куманово (стадион „Ѓорче Петров, Скопје)
Влазрими – Борец (стадион „Петар Милошевски“, Битола).

Ќе се игра еден натпревар, а во случај на нерешен резултат, веднаш се пристапува кон изведување пенали.