Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стигна до нова победа во Формула 1 првенството.

Холанѓанецот славеше на трката за ГН на Реџо Емилија, на легендарната Имола на седмата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

За Макс ова беше трета победа на оваа делница односно петта во сезоната за 59-та во кариерата.

Сепак не беше така доминантна оваа победа на Верстапен бидејќи веднаш до него заврши Ландо Норис од Мекларен, кој направи драма во финишот.

Но Верстапен не дозволи претекнување и на крајот со една секунда предност заврши прв пред британецот.

Место на подиумот имаше и за најдобриот во тренинзите возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Бодови освоија уште и Пијастри, Саинц, Хамилтон, Расел, Перез, Строл и Цунода.

Верстапен води со 161 бода пред Леклер со 113, Перез со 107 и Норис со 101 бод.

Следата трка се вози следниот викенд на 26 мај низ улиците на Монако за ГН на Монте Карло.