Попладнево во Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат натпреварите од последното 33.коло во оваа сезона.

Екипата на Струга Трим Лум, по втор пат ќе се радува на шампионскиот трофеј. Стружани пред своите симпатизери ќе ја имаат втората шампионска промоција. Тоа ќе се случи во дербито со екипата на Шкупи. За домаќините овој натпревар е од ревијален карактер, но за скопјани од голема важност.

Имено чаирчани се на третото место на табелата со два бода помалку од второ пласираната Шкендија. Втората позиција значи излез на европската сцена, па јасно е дека чаирчани ќе сакаат да ги освојат трите бода во дуелот со шампионот.

Но, покрај овој, потребен е уште еден услов тие да завршат на втората позиција. За тоа ќе мора да се погрижат фудбалерите на Работнички кои треба да ја победат победат Шкендија. На тетовци доволен им е и нерешен резултат да останат на второто место.

Тоа се единствените натпревари кои имаат значење во оваа последна рунда. Останатите четири нема да сменат ништо. Така Вардар ќе игра бараж да опстанок во Првата лига, која пак ќе ја напуштат Македонија Ѓорче Петров и Брегалница.

ПРВА ЛИГА ПОСЛЕДНО 33.КОЛО
сабота (17 часот)

СТРУГА Т.Л. – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР

Standings provided by Sofascore