Холандскиот Ф1 пилот Макс Верстапен стигна до седмата пол-позиција оваа сезона во седмата Ф1 трка што се вози во Италија на патеката Емилија Ромања.
Макс беше побрз од двајцата возачи на Мекларен Пјастри и Норис за 74 односно 91 илјадити делови од секундата.
Ред Бул имаше доста проблеми на тренинзите, но во квалификациите токму шампионот покажа зошто е трикратен светски првак.
Верстапен со оваа победа во квалификациите се израмни со легендарниот Сена на осум пол позиции по ред во кој имаше најдобро време.
Иако на тренинзите беа најдобри, сепак во квалификациите разочаа пилотит на Ферари.
Леклер заврши на четвртото, а Карлос Саниц на петтото место. Шестти заврши Џорџ Разел од (Мерцедес), па следуваат Јуки Цунода (РБ), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (РБ) и Нико Хулкенберг (Хас).
Разочараа исто така Фернандо Алонсо и Серхио Перез. Тие утре ќе стартуваа од 19-то односно од 11-то место.
Утре со почеток од 15 часот е трката за ГН на Емилија Ромања во Италија.