Кошаркарите на Индијана се изборија за решавачки седми натпревар против Њујорк во полуфиналето на Источната конференција од НБА плејофот.
Ова откако ноќеска „Пејсерси“ пред своите симпатизери во Индијанаполис, го надигра Њујорк со 116-103. Со овој триумф Индијана го израмни резултатот на 3:2 во победи, па „мајсторката“ че решава за место во финалето.
По израмнетата прва четвртина, во која за нијанса подобри беа гостите 29-30, во втората домашниот тим стигна до двоцифрена предност 61-51. Во вториот дел денешниот тим само ја зголемуваше разликата. Имаа „Персерси“ и 23 поени предност за на крајот да слават со 13.
Иако Џејлен Брансон со 31 поен беше најефикасниот на натпреварот, тоа не ми помогна на Њујорк за избегне пораз. Паскал Сиакам беше прво име во победничката екипа со 25 поени и седум сокови.
Кој ќе биде противникот на Бостон во финалето на истокот, ќе дознаеме во недела (22 часот), по дуелот што ќе се игра во Њујорк.