Македонскиот кајакар, Ангелче Петрушев имаше фантастичен настап на Европското првенство на диви води, што се одржува на во Љубљана.
Тој настапи во дисциплината К1 мажи, во кој имаше вкупно 60 натпреварувачи, а само 12-мина од нив се квалификуваа во финалната трка.
Петрушев на крајот заврши како шесто пласирал. За младиот (20 г.) Петрушев ова е одличен успех во силната сениорска конкуренција.
Инаку на шампионатот покрај Петрушев боите на Македонија ги бранеа и Кристијан Смилев кој беше 50-то односно Стефан Рибарски кој заврши на 59-тото место.