Ракометарките на Чаир по една година повторно се пласираше на завршниот турнир од Купот на Македонија. Вечерва чаирчанки ќе се игра полуфиналето против Вардар и Чаир.
Бојана Диневска заменик капитенот на тимот на Чаир тврди дека со сплотеност и упорност шансите се големи, дури и за освојување на трофејот.
,,Купот е предизвик за секој тим, во купот учествуваат најдобрите клубови, во кои кои играат докажани ракометни играчи, повеќето од нив и мои тимски соиграчки долги години и само мотивацијата и упорноста го носат лидерот на тронот.
Моите очекувања се доколку сме сплотени и мотивирани ќе го имаме пехарот во наши раце”, изјави Диневска.
Чаир иако има неколку повредени играчи во тимот ќе го даде својот максимум за пласман во финалето.
,,Вардар како клуб е составен од борбени млади ракометарки со голем ентузијазам за победа.
Во мојот клуб Чаир има голема амбиција која е поткована на долгогодишно искуство на моите соиграчки и моите тренери.
Секако ова е предност, но во ракометот никогаш нема правила, топката е тркалезна и понекогаш има и други околности кои влијаат на добрата или лошата игра. Ова особено што во втората сезона имаме повредени ракометарки, квалитетни и клучни во играта, кои се сеуште надвор од тренинзите”,
посочи Диневска.
Желбата е огромна но, поддршката од публиката ќе има голема улога на овој натпревар.
,,Желбата да се освои купот е кај нас огромна, но и кај нашите противнички клубови.
Секако ни треба огромната поддршка од нашите фанови и сите обожаватели на ракометот, да ја дадат поддршката и воедно ги поканувам во за полуфиналето да бидат дел од оваа убава манифестација која се случува во градот Скопје”,
повика Бојана.
Дуелот меѓу Вардар и Чаир ќе почне од 17.30 часот, а победникот во финалето в недела за противник ќе го има Ѓорче Петров кој во полуфиналето го победи Куманово.
Ивона Кимовска