Се чини дека актуелните шампиони кошаркарите на Денвер, најдоа рецепт за Минесота. Откако Тимбервулфс савеа две победи на гостувањето и повоа со 2-0, сега Нагетс целосно ги сврте работите после тоа.
Во петтиот натпревар од полуфиналето на Западот, Денвер славеше со 112:97 и поведе со 3-2 во победи.
Во првото полувреме се менуваше водството, а Денвер на пауза замина со шест поени предност. На крајот од третата четвртина предноста беше 14 поени. Со двете тројки на Колдвел-Поуп и двата поена на Никола Јокиќ на стартот од последната четвртина ги отстранија сите сомнежи околу прашањето за победникот.
Јокиќ постигна 40 поени, додаде 13 асистенции и седум скока. Го следеше Арон Гордон со 18 поени и десет скока. Кај Минесота , Карл Ентони Таунс беше најефикасен со 23 поени, а Едвардс заврши малку поскромно издание со 18 поени и девет асистенции.
По три последователни порази, Тимбервулфс се враќаат на свој терен , ноќта меѓу четврток кон петок, каде ќе се обидат да ја извојуваат победа во и да се изборат за решавачки седми натпревар. Триумф на Нагетс ќе значи конференциско финале за шампионот.