Екипа на Љуботен е победник во годинашното издание на фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција.
Во финалето одиграно во Велес, фудбалерките на Љуботен минимално со 1:0 го совладаа големиот ривал Каменица Саса.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Александра Марковска во втората минута од судиското дополнение (90+2).
Ова практично беше реприза на минатогодишното финале, во кое тетовската екипа стигна до првиот, а сега го освои вториот трофеј во Купот.