Екипата на Црвена Звезда ја дели една победа до одвојување на шампионската титула во кошаркарската АБА лига.
Црвено-белите по втор пат го совладаа лутиот ривал Партизан во финалето на плејофот. Црвена Звезда славеше со 80-73 и поведе со 2:0 во победи во серијата подобар до три.
Уште еден интересен и неизвесен натпревар одиграа овие две екипи.
Во првото полувреме двата тима добија по една четвртина, со кош разлика, па на паузата се замина со израмнети 38-38. Кон средината на третиот период црвено-белите дојдоа до девет поени предност, но Партизан намали на -4 на крајот на периодот (61-57). Се што стори Партизан е да дојде до поен негатива, но не и да го сврти резултатот во своја полза. Немаа сили, црно-белите за такво нешто, но и противникот со својата одбрана не им даде шанса за тоа.
Немања Недовиќ беше прво име на натпреварот постигнувајќи 21 поен. Покрај него единствени двоцифренни во победничката екипа беа Боломбој и Лазиќ со по 10 поени.
Првата шанса за освојување на шампионскиот трофеј, Црвена Звезда ќе ја има во недела (20.30 часот) за кога е закажан третиот натпревар. Доколку црвено-белите го сторат тоа ќе стигнат до седмата шампионска титула и ќе се израмнат со Партизан кој засега е лидер на вечната листа.