Женското кошаркарско првенство влегува во најинтересниот дел, финалето, односно битката за шампионскиот трофеј.
Прв пат, еден против друг за пехарот ќе се борат екипите на Баскет Кам и Вардар. Серија се игра во три добиени натпревари.
Тоа ќе биде дуел на двете најдобри екипи од регуларниот дел на сезоната.
Мала предност, поради играњето на домашен терен, особено во првите два натпревари ќе има актуелниот шампион Баскет Кам.
Сезонава, двата финалисти одиграа три натпревари. На два од нив победи Баскет кам 2011. Прво во регуларниот дел, на свој терен славеше со (77:58), а потоа и во рамките на т.н.„Оролоџо“, со резултат (68:63). Вардарки победија на свој терен, со минимални (64:62).
Првиот финален меч на програмата е попладнево од 16.30 часот, во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.