Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои 1.место во скок во далечина на митинг “Филатхлитикос Калитхеас“ што денеска се одржа во Грција.
Трајковски доскокна до границата од 7.84 метри што е негово најдобро остарување сезонава. Неговиот и македонски рекорд изнесува 7.91 метар.
Овој митинг е од серијата бронзени митинзи под капата на Светска Атлетика. Со победата и скок Андреас се очекува да скокне на Европската ранг листа. Со тоа останува во игра за пласман на Европското првенство што од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, Италија.
Следен натпревар за Андреас ќе биде во сабота во Скопје на Национаното Сениорско првенство.