Македонија ја продолжува традицијата настапи на големите ракометни натпреварувања. Машката сениорска селекција повторно ќе биде дел од светската елита, откако во голем стил ги мина Фарските Острови во баражот за Мундијалот.
Познати се сите селекции кои догодина ќе играат на СП, исклучок онаа која ќе добие вајл-карка од ИХФ.
Светската ракометна федерација наскоро треба да го објави и изгледот на шеширите од кои ќе биде извршена ждрепката. Неофицијално, Македонија извлекувањето ќе го чека од третиот шешир.
Ждрепката ќе се одржи во Загреб на 29 мај во 17.30 часот.
Ракометниот Мунијал ќе се игра во од 14 јануари до 2 февруари 2025 година, во Загреб, Пореч, Вараждин, Осло и Хернинг.