Екипата на Бутел својата дебитантска сезона ја круниса на најубав моќен начин. Бутел го освои шампионскиот пехар наменет за најдобрата екипа во Третата лига.
Во финалниот натпревар, пред својата публика, кошаркарите на Бутел беа подобар противник од струшки Црн Дрим со 81:65.
Предводник на тимот до оваа победа беше Цариќ кој постигна 20 поени, додека Мартиноски и Киров постигнаа по 12, а Матевски додаде 11 поени. За екипата на Црн Дрим, Шабани постигна 27 поени, а Ќамилоски 19 поени.
Двата тима со самиот пласман во финалето го осигураа своето место во Втората лига следната сезона.
Во натпреварот за третото место Струмица го совлада Феникс баскет со 84:70.