Првата македонска фудбалска лига се ближи кон самиот крај, а остануваа уште две „рунди“ од оваа сезона. Но, дилемата кој ќе го освои шампионскиот трофеј е отворена. Претпоследното 32-ро коло, може да разреши голем дел од таа дилема.

Дерби дуелот ќе се игра во Тетово, каде ќе се сретнат двете првопласирани екипи. Лидерот на табелата Шкендија го пречекува актуелниот првак Струга Трим Лум. Двата тима во последните две кола влегуваат во идентични 61 бод, три повеќе од трето пласираниот Шкупи. Чаирчани кои ќе го чека исходот од мечот во Тетово, истовремено ќе брка три бода во дуелот со Брера Струмица на домашен терен.

Струмичката екипа пак ќе се обиде да остане не поразена, а со тоа во последното коло да влезе како деветто рангирана пред Вардар кој е десетти и од таа позиција би играл во баражот за опстанок. Вардарци пак сакаат место погоре, но за тоа прво ќе мора да го совладаат Силекс и тоа во Кратово.

Во кругот на екипи кои би можеле да завршат на 10.место се и Воска спорт и Гостивар, но тие имаат пет бодови повеќе од Вардар. Дури и „реми“ во дуелите со Тиквеш и Работнички би им завршил голема работа на двата тима.

Во последниот натпревар кој нема да смени ништо Македонија ЃП ќе ја пречека штипска Брегалница во дуелот на екипите што следната сезона ќе играат во Втората лига.

Сите натпреварите ќе почнат во терминот од 17 часот, а сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО НА ЕДНО МЕСТО (ОВДЕ)

ПРВА ЛИГА – 32.КОЛО претпоследно
Недела
ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л.
ШКУПИ – АП БРЕРА СТРУМИЦА
СИЛЕКС – ВАРДАР
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore