Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски дефинитивно ќе настапи на Летните Олимписки Игри во Париз летово. Ова попладнево го потврдија од Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).
Изминатиот период се појавија многу шпекулации околу настапот на Дарио во Париз.
Откако неговиот тренер Игор Јакимовски, објави дека Дарио ќе биде дел од маратонската олимписка елита, се огласи Атлетската федерација на Македонија.
Токму матичната федерација, која треба да биде нај ангажирана, Дарио да го добие заслуженото, со својата објава внесе забуна и немир во македонската спортска јавност.
Сепак дилемата е разрешена, па до МОК денеска информираа. Дарио Ивановски ќе го гледаме на 10 Август низ улиците на француската престолнина, за кога е закажана маратонската олимписка трка.
Среќно Дарио 🇲🇰🏃♂️🇲🇰🏃♂️🇲🇰