Македонија повторно ќе биде дел од светската ракометна елита. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров јуначки надополнија седум голови негатива и со голема победа ги минаа Фарските острови.
„Многумина по ждрепката велеа дека мојата изјава за противникот е алиби.
Јас и тогаш предупредував, дека Фарските Острови се одлична селекција.
Никогаш не сум бил алиби човек ниту алиби играч, никогаш нема ни да бидам ниту таков тренер. Јас може да бидам слаб и да изгубам, но тоа да го поднесам стоејќи, да станам и пак да тргнам на ново“,
изјави меѓу останатото Лазаров по натпреварот.
Селекторот им се заблагодари на ракометарите, но и седум илјадната публика присутна во „Борис Трајковски“ која веруваше и и даваше поддршка на Македонија. Ракометарите на најдобар можен начин им возвратија.
Целата изјава на селекторот Лазаров може да да видите во продолжение.