Сезоната во мак-баскетот полека привршува. Остануваат малку дилеми.
Во елитната Прва лига, кој ќе ми биде противник на шампионот МЗТ Скопје во финалето. Кај дамите останува да се одигра финалната серија во која за трофејот актуелниот првак Баскет Кам ќе биде предизвикан од Вардар.
МКК Куманово го освои трофејот наменет за најдобриот тим во Втората лига, а кој ќе стигне до него во Третата лига останува да дознаеме вечерва.
Во оваа конкуренција екипите на Бутел и Црн Дрим ќе играат во финалето. Двата тима веќе ја остварија примарната цел и обезбедија настап во второлигашката конкуренција следната сезона. Сега ќе сакаат тоа да го крунисаат со освојување на трофејот.
Финалниот меч ќе се игра во салата „Илија Хаџи Николов“ во Скопје, со почеток од 19 часот.
Претходно во дуелот за третото место, од 16.30 часот, ќе играат Струмица и Феникс баскет.