Арсенал и Манчестер Јунајтед одиграа мирен натпревар во дербито на колото на Премиер Лигата. Арсенал победи со минимални 1:0 со што ги задржа надежите за трофеј во Премиер Лигата.
Во првото полувреме немаше премногу акција. По контра напад „топчиите” го постигнаа единствениот гол на натпреварот. Стрелец беше Леандро Тросард во 20.та минута. Во второто полувреме немаше промена на резултатот.
Арсенал сега е на првото место на табелата пред Манчестер Сити кој има еден натпревар помалку. По 37 одиграни кола Арсенал има 86 бода, а Сити го следи на втората позиција со 85.
Манчестер Јунајтед скоро се збогува од европски фудбал наредната сезона, бидејќи се наоѓаат на 8-та позиција со 54 бода.
Standings provided by Sofascore