Во женската ракометна Супер лига попладнево беа одиграни четири натпревари од 24-тото коло. Фаворитките ја оправдаа улогата и забележаа нови победи.
Вардарки лесно го совладаа Спартак со 45:36. Црвено-црните отворија со 4:0. Во продолжението само ја зголемуваа предноста, па во 10-тата минута имаа +7 (11:4). Гостите во неколку наврати се обидоа да ја намалат негативата, но Вардар не дозволи и во 20-та минута поведе со 20:10. Дојде до опуштање на домашната екипа, па на пауза Вардар заминаа со позитива од 23:18. Втората половина беше само формалност, Вардар само ја зголемуваше предноста. Крајниот резултат беше 45:36.
Најефикасни од Вардар беа Трпевска со девет и Василева со осум погодоци. Додека од Спартак Ангеловска Михаела даде девет гола.
Ракометарките на Чаир без мака ја совлада Гевгелија со 58:16. Домашната екипа немаше никакви шанси бидејќи гостинките во текот на целиот натпревар имаа големо водство.
Деспина ова коло го пречека тимот на Астибо. Прилепската екипа лесно го совлада Астибо со 31:21.
Интересен натпревар одиграа екипите на Скопје и Овче Поле. Во текот на поголемиот дел од натпреварот се играше гол за гол и двете екипи покажаа голема борбеност. Па така овој меч заврши нерешено 26:26.
За утре (недела) закажани се преостанатите три натпревари. Точно на пладне (12 часот) ракометарките на Шампион го пречекуваат актуелниот Ѓорче Петров кој со победа ќе ја потврди одбраната на титулата. Во терминот од 14:30 часот ќе играат Куманово и Стружанка. Колото ќе го заокружат Пелистер и Металург Автокоманда (17 часот).
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 67 бодови, Чаир 61, Вардар 58, Металург Автокоманда 58, Куманово 51…
Ивона Кимовска