Реал Мадрид славеше во првиот дуел како нов шпански владетел. Против Гранада „Кралевите” триумфираа со 4:0.

Во првиот дел резултатот го отвори Фран Гараија во 38.та минута. Во 47.та минута Арда Ѓулер постигна гол за 2:0, по асистенција на Фран Гарсија.

Во второто полувреме Реал само зајакнаа со својата игра и го зголемија резултатот. Брахим Диаз беше стрелец на двата гола во второто полувреме. Најпрво во 49.та минута зголеми на 3:0, а на 4:0 зголеми во 59.та минута.

Реал Мадрид минатото коло ја освои шпанската Ла Лига. Со оваа победа новиот шампион сега има 90 бода. Гранада официјално испадна во „Секунда“ откако собра само 21 бод.