Попладневните дуели од 37.коло во Премиер лигата донесоа неколку одговори. Со поразот од Тотенхем од 2:1 , тимот на Барнли го загуби статусот во најквалитетната лига во Англија. Тотенхем остана во игра за Лигата на шампионите (4.место) откако Мики Ван дер Вен во 82.минута го постигна голот за победа иако противникот водеше со 1:0.
Премиерлигашкиот статус најверојатно ќе го загуби и Лутон, по поразот од 3:1 на гости кај Вест Хем иако гостите водеа со 1:0 на полувреме. Лутон има три бодови помалку од Нотингем Форест и послаба гол разлика, но Н.Форест има да одигра и уште два натпревара.
Њукасл одигра дома 1:1 со Брајтон, па го загрози својот пласман во европските купови за следната сезона од причина што Челзи и Манчестер Јунајтед имаат три бодови помалку, но и натпревар помалку.
Кристал Палас на гости го совлада Вулверхемптон со 3:1, додека гостинска победа оствари и Брентфорд на теренот на Бурнемут со 2:1.
Евертон без многу напор го совлада „отпишаниот“ Шефилд Јунајтед со 1:0, додека во првиот дуел од денешната програма Манчестер Сити го совлада Фулам со 4:0 и се искачи на првото место на табелата.
Во терминот од 18:30 часот играат Нотингем Форест и Челзи.
Утре е дербито на колот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал а претпоследното коло ќе биде комплетирано со дуелот во Бирмингем во понеделник меѓу Астон Вила и Ливерпул.
Во периодот до последното коло ќе бидат одиграни и заостанaтите дуели: Тотенхем – Манчестер Сити (вторник), Брајтон – Челзи и Манчестер Јунајтед – Њукасл (среда).