Битолски Пелистер го доби третиот полуфинален дуел со Работнички и поведе со 2:1 во победи во плејофот на кошаркарскиот шампионат. Натпреварот беше неизвесен до самата завршница, а меѓу двете полувремиња имано и инцидент во службените простории.
Имено, навивачката група на Работнички „Сити Парк Бојс“ објави видео на кое „непознато лице“ упатува закани кон еден од арбитрите (неофицијално Томи Панов).
Според „СПБ“ тоа директно влијаело на арбитражата во вториот дел, но и конечниот исход на натпреварот.
Во продолжение ви го пренесуваме интегрално соопштението на „СЦБ“ на кое може е прикачено и видеото.
„Кои се лугето што успеаа да направат притисок врз судиите?!
Вчера на полувремето на натпреварот мегу Пелистер и Работнички се случило напад врз судиите со цел да се изврши притисок врз судиите. Со резултат 43-42 за домашниот тим и навидум еднаква игра играчите заминааа на пауза а после таа пауза се беше различно. Еден тон дискутабилни одлуки во корист на Пелистер, за не полни 35 секунди од четвртиот дел се досудени 4 лични грешки од кои 2 ни судиијата незнае како и каде ги виде. Без никаков стадарт за судење, во напад на домашните суди фаул, одма нареден напад наш за идентичен контакт нема ништо. Со донесените судии со поголемо искуство во кафана него во сала ние очекуваме некој напредок во кошарката и во спортот..
Додека нас не тероризирате цели две сезони со забрани и казни на домашен терен поради вербални навреди кон судиите, во другите сали судиите си одат дома и со по некој шамар а санкции освен смешни парични казни нема и сигурно нема ни да има!