Ракометната репрезентација на Македонија е пред голем предизвик, да ги надополни седумте голови негатива (27:34) од средата од првиот дуел од баражот за Светското првенство 2025 со Фарски острови. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, оваа генерација репрезентативци можеби за првпат ќе се соочат со вистински притисок дека треба да се победи со потребната гол разлика за пласман на големо натпреварување, каде македонскиот национален тим е од 2012 година во континуитет.
Македонија и во минатото „бркала“ негатива од неколку голови разлика, а во ракометот е познато дека со добар мотив, максимална концентрација и добра распределба на силите секоја предност на противникот може да се надополни. Секако и утре (недела) македонските репрезентативци ќе имаа голема поддршка од трибините од СЦ „Борис Трајковски“, кој се очекува да биде исполнет до последното место.
Македонската репрезентација денеска ќе го има последниот тренинг, а секако утре ќе биде познато во кој состав ќе се појави нашиот национален тим.
Инаку, гостите кои до Скопје од својата држава патуваа со редовни авионски линии, имаа проблеми особено што поради магла не беа во можност навреме да полетаат за Скопје како крајна дестинација, а и според планот требаше да пристигнат синоќа во вечерните часови, по полноќ.
Натпреварот се игра утре (недела) со почеток во 19 часот, а судии се: Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција.