Во рамките од 23.коло на женската Супер лига денеска ќе се одигра еден натпревар и тоа дерби. Во Автокоманда тимот на Металург ќе ја пречека екипата на Вардар.
Тоа е дуел на екипите кои се на третото и четвртото место на табелата. На претходниот меѓусебен натпревар Металург успеа да оствари победа со 25:24. Неизвесноста на тој меч најавува дека и денеска може да очекуваме исто таков, исполнет со голема борбеност и желба за победа до последната минута. Затоа нема сомнение дека двата тима ќе го дадат својот максимум за да стигнат до посакуваната победа.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала ,,Автокоманда” со почеток од 12 часот, а правдата на овој натпревар ќе ја делат Андонов Виктор и Јовановски Стојанче.
Претходно од 23 коло беа одиграни пет натпревари каде фаворитите лесно дојдоа до посакуваните резултати.
Утре е закажан последниот натпревар од ова коло меѓу екипите на Астибо и Спартак со почеток од 17:00 часот.