Кошаркарите на Панатинаикос се изборија за место на завршниот „фајнал-фор“ турнир во Евролигата.

Во решавачкиот петти натпревар од четвртфиналето, Панатинаикос го совладаа Макаби со 81:72 и со 3-2 во победи ја затворија серијата.

Во преполната „Оака арена“ во Атина неизвесно беше се до последната четвртина во која домаќините влегоа само со четири поени предност. Успеа ПАО да направи двоцифрена предност која тешко ја одржуваше, но на кракот заслужено го доби мечот.

Така некогашниот европски шампион Панатинаикос по 12 години повторно ќе игра на завршниот турнир. Покрај ПАО, место во полуфиналето одамна си обезбеди и актуелниот шампион Реал Мадрид.

За останатите две позиции утре во „мајсторки“ ќе се борат Барселона – Олимпијакос и Монако и Фенербахче