Попладнево се одигра еден натпревар од 23.коло во женската Супер лига во кој ракометарките на Куманово како гостински го совлада Скопје со 29:22.
Кумановки на почетокот успеаја да поведат со 3:1. Гостите постепено ја зголемуваа предноста. Скопје во 16-тата минута успеа да намали на 5:6. Но, Куманово со серија 3-0 успеа да поведе со 9:5. Куманово ја зголемуваа предноста без проблем па во 26-тата поведоа со +6 (13:7). На пауза гостите заминаа со позитива од 15:9.
Во втората половина Куманово продолжи со истото темпо и не дозволи Скопје да ја намали негативата. Во 43-тата минута тие поведоа со 21-14. До крајот Куманово само ја одржуваше оваа предност. Крајниот резултат беше 29:22.
Најефикасна од тимот на Куманово беше Зечевиќ Сузана со шест погодоци, додека од Скопје Стефани Ристиќ даде пет гола.
Ивона Кимовска