Во Задар, Хрватска од 8 до 12 мај ќе се одржи Европското првенство во карате. На шампионатот ќе учествуваат  491 каратист од 51 држава, а Македонија ќе биде претставувана со 14 каратисти.

Изминатиот период македонските каратисти се подготвуваа во Скопје, под палката на селекторите Александар Кузмановски (борби) и Стојан Андриевски (кати).

Македонски адут за медал секако ќе биде Емил Павлов кој во својата колекција досега има четири одличја (по две злата и бронзи).

Боите на Македонија на карате Европскиот шампионат ќе ги бранат:

Борби, жени
-50 кг Михаела Мишовска
-55 кг Симона Заборска
-61 кг Вероника Костовска
-68 кг Ангела Мојсовска
+68 кг Ердона Зибери

Борби, мажи
-60 кг Недим Шаќири
-67 кг Емил Павлов
-75 кг Петар Заборски
-84 кг Петар Спасеновски
+84 кг Стефан Стојановиќ

Екипно ќе настапат: Викторија Јовановска, Витомир Трајовски, Стефан Стојановиќ и Нурсел Мисини.
Кати, мажи Кристијан Бајовски, Петар Спасовски, Стојаноски