Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди повторно се впиша во листата на стрелците.
Барди постигна нов прекрасен го за својата екипа Трабзонспорт во турскиот фудбалски шампионат. Македонскиот репрезентативец во 32.минута погоди од слободен удар.
Имаше шанса Барди и втор пат да се впише во листата на стрелци, но неговиот удар (43.минута) заврши од стативата во гол аут.
Сепак тоа беше единствениот гол за Трабзонспорт кој на гостувањето кај Самсунспор загуби со 1-3.
Трабзон останува на третото место на табелата со четири бодови повеќе од Бешикташ, но далеку зад водечкиот двоец, Галатасарај и Фенербахче.