Кошаркарите на Монако славеа победа на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче и се избори за решавачки петти натпревар во четвртфиналето од плејофот на Евролигата.

Тимот од кнежеството славеше со 65-62 и го израмни резултатот на 2:2 во победи во серијата подобар до три

Јунак на триумфот на гостите беше Американецот, Мајк Џејмс со клучни поени и асистенција во финишот. Тој заврши со 10 поени, а поефикасен од него беше Ели Окобо со 13. На турскиот тим не му помогна нити расположениот Марко Гудуриќ кој постигна 14. Скоти Вилбекин заврши со 11 поени, но го промаши решавачкиот шут за победа на Фенер.

Малку недостасуваше, драмата во Истанбул да заври и со голем инцидент. Незадоволните навивачи на домашниот тим, се обидоа да се пресметаа со кошаркарите на францускиот тим, меѓи кои предничеше најдобриот Џејмс.

Сепак брзата реакција на обезбедувањето, но и присебноста на домаќините не кулминираа со поголем инцидент.

Монако сега шанса за историски пласман на „фајнал-форот“ ќе има на домашен терен во натпреварот закажан за 8 мај во Монте Карло. Истиот дел „мајсторка“ ќе играат Барселона и Олимпијакос, а ден порано (7 мај) тоа ќе го направат Панатинаикос и Макаби.

Единствен кој досега обезбеди место на полуфиналето е актуелниот шампион Реал Мадрид, кој со 3:0 го мина шпанскиот ривал Басконија.