Гоце Георгиевски, уште една сезона ќе игра во дресот на Вардар. Ова официјално го потврдија од таборот на црвено-црните.
Популарниот „Џомба“ се согласил да биде дел од тимот. Искусното десно крило не само што ќе игра, туку ќе им им помогне на соиграчитe кои настапуваат на истата позиција, да напредуваат и да се усовршуваат.
„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар.
Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се повеќе се наметнуваат.
Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги.Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбиции секогаш се победа, и титули. Гоце е се уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи“,
изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.
Вардар во иднина ќе го има речиси истиот тим со кој и сезонава. Клубот работи на новите засилувања, и задржување на играчите кои се дел од клупската визија, за силен тим, на секоја позиција.
„До последното коло сезонава ќе бидеме во игра за титулата, а повеќе од сигурно е дека ќе имаме подобар пласман во однос на лани.
Ни претстои и одбрана на трофејот во Купот, што е наша следна цел“,
истакнуваат од клубот.