Екипите на Олимпијакос и Панатинаикос се изборија за „мајсторки“ во четвртфиналната серија во Евролигата.
Двете атински екипи ги добија четвртите дуели со своите ривали, а со тоа и можност преку решавачки натпревар да обезбедат место на „Фајнал-форот“.
Тимот на Олимпијакос, пред своите симпатизери, ја совлада шпанската Барселона со убедливо 92-58 и израмни на 2:2 во победи.
До истиот „скор“ во меѓусебните дуели со Макаби, стигна и Панатинаикос. Натпреварот одигран во Белград, беше далеку по неизвесен. ПАО го доби мечот во финишот со 95-88, па мајсторката ќе ја игра на домашен терен.
Досега пласман на завршниот турнир обезбеди само актуелниот шампон Реал Мадрид кој во три натпревари беше подобар од шпанскиот ривал Басконија
Шанса да му се приклучи на Реал во полуфиналето вечерва ќе има Фенербахче. Турската екипа игра пред својата публика против францускиот Монако против кого води со 2:1 во победи. Дуелот во Истанбул ќе се игра во терминот од 19.45 часот.