„Мртва“ трка за шампионскиот трофеј, нов лидер и три тима со ист број бодови по денешното 30-коло во ПМФЛ. Ова во една реченица е сублиматот на дуелите од оваа рунда.
По двете големи изненадувања и со пресврт во судиското дополнение во Тетово, има промена на лидерското место во Првата македонска лига. Тетовска Шкендија сега е водечки тим, пред Струга ТЛ и Шкупи, а трите тима имаат идентични 58 бодови.
Екипата на Тиквеш продолжува со одличните игри. Пред своите симпатизери кавадарчани го совладаа шампионот Струга Трим Лум со 3-2. Домаќините поведоа со прекрасниот гол на ветеранот Мојсов во 32.минута. Во вториот дел гостите направија пресврт со двата гола на Ибраими. Но, кавадарчани не се откажаа. Стојновски во 82-та израмни на 2-2, а во четвртата минута од судиското дополнение Тиквеш стигна до победа со конечни 3-2.
Екипата на Гостивар пак со головите на Кировски (62) и Кехинде (90+7) го совлада Шкупи.
Овие резултати им одат во полза на тетовци. Шкендија иако имаше два гола предност во дуелот со Брера Струмица, успеа да слави победа. Аганспахиќ во судиското продолжение (90+4) беше стрелец на победничкиот го за конечни 3-2.
Во дуелот за опстанок, одигран во Штип, Вардар славеше убедливо над Брегалница со 3-0.
Составот на Воска спорт се радуваше против Македонија во Ѓорче Петров, па сега охридскиот тим „плива“ во мирни води за опстанок во лигата.
Еден гол и тоа во судиското дополнение, го реши победниот во Кратово каде Работнички го победи Силекс.
Сите голови од денешните натпревари, може да ги видите на едно место, ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА 30.КОЛО
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л. 3-2
ГОСТИВАР – ШКУПИ 2-0
ШКЕНДИЈА – БРЕРА СТРУМИЦА 3-2
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-3
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 0-2
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-1