Кошаркарките на Баскет Кам и Вардар ја потврдија фаворитската улога и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плејофот.
Актуелните шампионски убедливо, без многу мака славеа во дуелот со Крива Паланка со 83:67. Зубац со 26 и Кметовска со 24, заедно со Димова која заврши со 19 поени беа првите стрелци во победничкиот тим.
Вториот натпревар одигран во Скопје беше далеку по интересен и неизвесен.
Сепак Вардар ја искористи предноста на домашниот терен и славеше над Куманово Гризли со 72:67. Матие која оствари дабл-дабл ефект со 21 поени и 13 скокови. Таа заедно со Наков која додаде 14, беа првите имиња во победничката екипа.
Така двете прворангирани екипи во лигашпкиот дел Баскет Кам и Вардар сега ги дели само една победа од пласман во финалето.