Екипата на Алборг е првиот патник во Келн, на завршниот „фајнал-фор“ во ракометната Лига на шампиони. Ова откако Алборг го победи Веспрем во реванш четвртфиналниот натпревар одигра попладнево во Данска. Алборг славеше со 33-28 и ја анулира негативата од гостувањето во Унгарија од еден гол (31-32).
Унгарскиот тим подобро го започна натпреварот, а имаше предност од три гола (4-7). Но, тука застанаа избраниците на Момир Илиќ, па домашниот состав во 14-тата минута стигна до израмнување (7-7). Данскиот тим продолжи во висок ритам и до крајот на полувремето создаде четири гола предност (18-14).
Во второто полувреме Веспрем постојано беше меѓу 2 и 4 гола негатива.
Вечерва ќе го дознаеме и вториот патник во полуфиналето. За тоа место ќе се борат актуелниот Магдебург и Киелце екипи кои лани играа во финалето. Актуелниот шампион Магдебург ќе ја има предноста на домашниот терен, но ќе започне со еден гол негатива од првиот меч во Полска.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реванш натпревари)
Среда 1 мај
АЛБОРГ – ВЕСПРЕМ 33-28 (31-32 прв натпревар)
20.45 МАГДЕБУРГ – КИЕЛЦЕ (26-27)
Четврток 2 мај
18.45 КИЛ – МОНПЕЉЕ (30-39 прв натпревар)
20.45 БАРСЕЛОНА – ПСЖ (30-22)
„Фајнл-форот“ ќе се игра во „Ланксес арената“ во Келн, Германија, на 8 и 9 јуни 2024 година.