Новиот италијански шампион Интер не дозволи никакво изненадување во дуелот со Торино. Интер пред своите симпатизери славеше победа со 2:0.
Неро-азурите отпорот на противникот го скрши во вториот дел, откако Торино остана со играч помалку. Тамезе во 49.минута заработи директен црвен картон.
Тоа го казни Чалханоглу со два гола, во 56-тата и 60-тата минута, вториот од пенал.
За Интер ова беше 28-та победа сезонава, а Торино го претрпе десеттиот пораз.
Со него Торино ја губи трката со конкурентите за настап на европската сцена, од која е оддалечен осум бодови колку што бега седмо пласираната Аталанта.