Екипата на Трабзонспорт забележа победа со пресврт над Газиентеп со 4-2.
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди беше стрелец на израмнувачкиот гол. Откако гостите имаа предност од 0-2, а Нигериецот, Пол Онуачу намали на 1-2, Барди на ефектен начин во 65.минута израмни на 2-2.
Нигерискиот интернационалец во продолжението уште два пати се впиша во листата на стрелци за триумф на Трабзонспорт со 4-2.
Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 58, Трабзонсор се зацврсти на третото место на табелата и чекори кон пласман во Лигата на Европа.