Екипата на Арсенал забележа победа во лондонското дерби против Тотенхем. Со конечни 3:2 Арсенал дојде до важен триумф во битката за титулата во Премиер Лигата.
Првиот гол на мечот беше автоголот на Хојбјерг во 15-та минута. Арсенал зголемија на 2:0 во 27.минута со голот на Сака. Во 38-та минута Хаверц зголеми на 3:0.
Во второто полувреме играта домаќините беа оние кои имаа повеќе од играта, но тоа не беше доволно за победа. По грешка на голманот Раја, Кути Ромеро намали на 3:1 во 64-та , а конечните 3:2 ги постави Сон од пенал во 87-та минута.
Арсенал останува во трката за титулата во Премиер Лигата. „Топчиите” се на првата позиција со 80 бодови, а имаат четири повеќе од Манчестер Сити, но шампионот има одиграно два натпревари помалку. Тотенхем е на 5-та позиција со 60 бода.