Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ летово ќе биде еден од најбараните кошаркари на европско тло.
Одличните игри во Уникс Казан, и признанието МВП во ВТБ лигата, секако се одлична препорака за Димитриевиќ да се врати во Евролигата.
Како што пренесуваат турските медиуми, Нено е на мета на Шарунас Јасикевичиус за следната сезона. Тренерот на Фенербахче сака во своите редови да го донесе Македонецот и да се обиде да се врати на врвот на Евролигата.
Сезонава турскиот тим е дел од четвртфиналната рунда, во која за противник го има францускиот Монако.