Овој викенд ќе се одигра 22.коло од женската ракометна Супер лига. Ова оваа рунда фаворитите немаат тешки противници, па би требало лесно да дојдат до победа.

Екипата на Металург Автокоманда игра против Астибо, додека Пелистер 2012 гостува кај тимот на Куманово. Последниот натпревар денес ќе го одиграат Ѓорче Петров и Овче Поле во Свети Николе.

Во текот на утрешниот ден се закажани четири натпревари. Гевгелија игра со тимот на Деспина, а Скопје ја пречекува екипата на Чаир. Шампион за противник го има Спартак, додека вардарки ја пречекуваат екипата на Стружанка во ,,Криме Кепески”.

Актуелност шампион Ѓорче Петров е се поблиску до нов трофеј. Ѓорче се наоѓа на првото место на табелата со 61 бода, со шест бодови повеќе од Металург Автокоманда .

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 22.КОЛО
Сабота
13:00 АСТИБО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
14:00 КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 2012
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
недела
13:30 ГЕВГЕЛИЈА – ДЕСПИНА
14:00 СКОПЈЕ – ЧАИР СКОПЈЕ
14:30 ВАРДАР – СТРУЖАНКА
16:30 ШАМПИОН – СПАРТАК

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 61 бодови, Металург Автокоманда 55, Вардар 49, Чаир 49, Куманово 45,…

Ивона Кимовска