Бобан Илиоски ја израдува македонската спортска јавност со нова шампионска титула. Најдобриот македонски кикбоксер стана светски првак во професионален во ВАКО ПРО во дисциплината К1 (до 88,6 кг).
Илиоски во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје Илиоски со одлука на судиите славеше со 2-1 против Берк Дузенли од Турција, актуелен светски аматерски првак.
Илиоски имаше голман поддршка од публиката, а „Комитите“ направија атмосфера како што доликува на ваков меч.
Ова беше првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков спектакуларен настан, кој беше во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.
Покрај главната борба на Илиоски, се одржаа уште седум борби на кои настапија шестмина македонски кикбоксери:
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори 3-0 КО Р2
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1 0-3 ТКО Р2
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1 2-1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори 3-0
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик 0-3