Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, очекувано и сосема заслужено доби признание од својот клуб Абердин. Миовски на синоќешната свеченост е прогласен за најдобриот фудбалер на шкотскиот тим.
Македонецот е првиот стрелец во екипата со 24 постигнати голови.
Миовски во моментов е трет стрелец во шкотското првенство. Тој има постигнато 14 голови и две асистенции, а покрај во домашниот шампионат македонскиот напаѓач блескаше и во европските натпревари.