Екипата на Вардар и следната сезона ќе игфа во Првата кошаркарска лига. Ова откако директниот дуел со конкурент за второто место на мини плејаут табелата вардарци го совладаа составот на Академија ФМП со 85-72
Во првите 20.минути двете екипи се менуваа во водството, а на полувремето Вардар имаше минимална предност (42:41). Во второто полувреме „вардарци“ покажаа дека во овој момент се подобар, поквалитетен тим во однос на оној кој го има Навико Академија ФМП.
Во третиот период ја направија клучната предност. Поведоа „црвено-црните“ со (61:53), но не се задоволија со тоа. Притискаа до самиот крај, и во последната четвртина го скршија отпорот на домаќините.
Амар Хот со дабл-дабл ефект со 24 поени и 17 скока, заедно со Фуџет кој постигна 21 поен и додаде девет асистенции беа предводници на Вардар во најважната победа сезонава.