Ракометарите на Барселона забележаа важна победа на гостувањето во Париз во првиот четвртфинален дуел со ПСЖ. Шпанската екипа одигра фантастично второ полувреме и славеше со убедливо 8 голови разлика.
Во првото полувреме ПСЖ беше тимот кој го контролираше резултатот. Парижаните го завршија првиот дел со водство 14-11. На стартот на вториот дел има и најголеми +4 (15-11) и тука застанаа. Следуваше неверојатен „кам-бек“ на Барселона и не само за било каква победа туку и убедлива.
Барса до крајот прими само седум, а постигна дири 19 голови и го доби мечот со 30-22. Ваквата предност на шпанскиот тим му носи мирен реванш дуел пред својата публика, и голем исчекор кон завршниот „фајнал-фор“ во Келн.