Екипата на Индијана направи „брејк“ во дуелот со Милвоки и го израмни резултатот на 1:1 во победи. Вториот четвртфинален натпревар од Западната конференција одигран во Милвоки тимот на Индијана го доби убедливо со 125:108.
Без својот најдобар играч Јанис Антетокумпо кој го пропушти и овој натпревар поради повреда, Бакси беа немоќни повторно да слават. Демијан Лилард имаше одлично прво полувреме. Постигна 26 поени во првото, а натпреварот го заврши со 34, но не доволно да го спаси Бакси од пораз.
Во победничкото им одличен натпревар одигра и Паскал Сиакам кој реализира 33 поени.
Следните два натпревари ќе се играат во Индијана.
Минесота максимално ја искористи предноста на домашниот терен и ја оствари и втората победа против Феникс. Тимбервулфс доминираа, а на крајот славеа со 105:93 и поведоа со 2:0 во серијата.
Одлучувачки беше второто полувреме во кое Волвс создаде разлика и да ја задржи до крајот на натпреварот. Овојпат неочекуван лидер беше Џејден МекДаниелс кој постигна 25 поени и осум скока, додека Руди Гоберт и Мајк Конли додадоа по 18 поени .
За Санс, Девин Букер постигна 20 поени, а Кевин Дурент додаде 18 поени и шест скока.
Следните два натпревари се играат во Феникс.