Екипата на Аталанта на самиот крај од полуфиналето против Фиорентина се избори за пласман во големото финале. Со резултат од 4:1 Аталанта славеше победа и закажа дуел за трофејот против Јувентус.
Уште во првиот дел Аталанта тргна во силен поход кон финале. Натпреварот го отвори Купмајнерс во 8-та минута.
Во второто полувреме следуваше „голеада“. Најпрво Фиорентина се врати во игра и пол позиција за финале со голот на Мартинез Куарта во 68-та минута. Скамака зголеми на 2:1 за Аталанта во 75-та минута и ја остави во игра екипата од Бергамо. Во 95-та минута Лукман зголеми на 3:1, а Пашалиќ ги постави конечните 4:1 во 99-та минута.
Аталанта со победата против Фиорентина ќе се пресмета со Јувентус во финалето од купот на Италија. Победникот од тој натпревар ќе игра и во Суперкупот на Италија против новиот италијански првак Интер.
Финалето е закажано за 25 мај.