Кошаркарите на Макаби славеа голема победа на гостувањето во Атина. Израелскиот тим славеше над Панатинаикос со 91-87 во првиот меч од четвртфиналето на Евролигата.
Иако во најголемиот дел од натпреварот грчкиот тим имаше предност, а најголемата изнесуваше 12 поени, сепак Макаби стигна до „брејк“. Пресвртот тимот од Тел Авив го направи во последната четвртина која ја доби со 28-17.
Американците, Колсон и Браун со 18 и 16 поени беа први стрелци во победничката екипа. На ПАО не ми помогнаа нити расположените Лесор со 22 поени и 6 скокови, како и Сликас кој на 12 поени додаде 13 асистенции.
И вториот натпревар ќе се игра во Атина веќе во четврток (23 април). Пласман во четвртфиналето ќе обезбеди тимот што ќе оствари три победи.
Вечерва се игра и шпанското дерби во Мадрид каде актуелниот шампон ја пречекува Басконија.